УСЛУГА
НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ
Адвокат за наплата на долг кој може ефективно да го наплати Вашето побарување
Ние дејствуваме брзо и професионално со цел да го наплатиме Вашето побарување како по вондсудски пат, така и по судски пат.
Нашата адвокатска канцеларија по Ваш налог и инструкции може да стапи во контакт со должникот и да договори соодветен начин на исплата и дополнителни механизми за обезбедување на Вашето побарување како заштита од неликвидност на должникот.
Од друга страна, во можност сме да понудиме и услуга за клиентите од кои неправедно се побарува исплата на износ од страна на доверители.
Вреди да се напомене дека во нашето долгогодишно искуство за наплата на побарувања имаме стекнато блиски релации и со вешти лица кои можат да изработат стручно и соодветно вештачење кое би ја потврдило како основаноста, така и висината на долгот.
Услуги
- Консултации во однос на наплата на парично побарување
- Застапување пред суд или нотар
- Застапување пред извршител
- Други дејствија поврзани со наплата на побарувања
- Состав на иницијални акти за наплата на побарување пред Нотар
- Застапување пред суд во случај на приговор
- Ажурност во постапките пред
- Нотар до правосилност и извршност
- Извршување на предметот пред Извршител
