нашиот тим

Адвокат топчиоски

За нас

Адвокатската канцеларија на Адвокат “КИРИЛ ТОПЧИОСКИ” – Прилеп е динамична, амбициозна и иновативна адвокатска канцеларија, која тежнее кон воспоставување на долгорочна деловна соработка со клиентите, на основа на принципот на меѓусебна доверба и почитување.

Ние во Адвокатската канцеларија го отпочнуваме и го градиме секој однос со нашите клиенти на претходно разбирање не само на правните, туку и на финансиските аспектите на предметното прашање, во насока на изнаоѓање на оптимално правно и бизнис решение, а се во согласност со специфичните потреби на нашите клиенти. Правото не го гледаме како издвоена категорија, туку го гледаме во склоп на комплексноста на дадената ситуација. Долгогодишното искуство на вработените во канцеларијата, тоа најдобро го овозможува.

Aдвокатска канцеларија “КИРИЛ ТОПЧИОСКИ” е со седиште во Прилеп, а своите услуги ги нуди на целата територија на Република Македонија, како и во странство.
Нашите правни услуги опфаќаат сѐ, од техничка административна работа па сѐ до сложени договори и судски постапки. Услугите ги даваме на македонски и англиски јазик, а за други јазици соработуваме со овластени судски преведувачи.

Канцеларијата има овластен регистрационен агент за вршење на електронски упис и прием во Централниот регистар за трговските друштва и други правни лица во земјата. Канцеларијата работи со ангажирање на практиканти, правници, надворешни соработници, како и други адвокати, има електронска поврзаност со Централниот регистар, Општината, Катастарот, Судот, користи дигитални сертификати и авторизиран пристап до системи кои се користат во работата. Тоа е особено важно за клиентите на далечина, како и за комуникација на дневна основа и за брз и ефикасен начин на работа, со висок степен на квалитет и достапност. Бидејќи најголемиот дел од работата со институтциите ја вршиме по официјален електронски пат, тоа ни овозможува да дадеме брза услуга на клиентите.

Нашите адвокати

Кирил ТОпчиоски

Адвокат

Основно и средно образование има завршено во Прилеп, а правните студии ги има завршено во 2007 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, на Правниот Факултет „Јустинијан Први” во Скопје. По завршување на неговите студии, започнува со пракса во Основниот суд Прилеп.

После тоа, одреден период работи во канцеларија на Извршител Јане Митрески од Прилеп, а потоа се вработува и неколку години работи како приправник и стручен соработник во Адвокатска канцеларија на Адвокат Мирјана Стеваноска во Скопје.

Во 2010 година го полага правосудниот испит во Министерството за правда. Истата година се запишува во Именикот на адвокати на адвокатската комора на Република Северна Македонија и во 2011 година ја основа Адвокатската канцеларија Кирил Топчиоски, каде работи до денес како самостоен адвокат со стручни соработници и адвокатски приправници.

Како основач, тој ја координира работата на другите адвокати и вработени, но во исто време е лично вклучен во секој случај и дејствие на канцеларијата. Редовно застапува клиенти пред домашните и меѓународните судови во случаи од поголема вредност.

Тој исто така составува договори, посебно оние од поголема вредност и со меѓународен елемент. Поконкретно, негова специјалност се сложени тужби, акти за основање трговски друштва, договори за вработување, менаџерски договори и договори со меѓународен елемент.

М-р Ангела Ѓорѓиоски

Адвокатски стручен соработник

Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2015 година, а магистрира во 2017 година на истиот факултет на насоката Деловно право со што се стекнала со звање Master оf Laws LL.M. Во 2018 година го положува правосудниот испит.

Своето професионално искуство го започнува во 2016 година како адвокатски приправник, а работното искуство во Адвокатската канцеларија Кирил Топчиоски Прилеп го започнува во 2019 година како адвокатски стручен соработник.

Во Адвокатската канцеларија е задолжена за застапување на клиентите пред судовите и други државни органи, давање консултантски услуги и работа во сите области на деловното работење, граѓанско право, работни односи, стопанско право, даночно правo, трговско право, финансово право, заштита на лични податоци, казнено право итн.

Стефанија Топчиоска

Адвокатски приправник

Во ноември 2021 година стана дел од Адвокатската канцеларија Кирил Топчиоски Прилеп, каде што започна со своето стручно усовршување во областа на правото.

Задолжена е за изготвување на нотарски платни налози, барања за извршување пред надлежни извршители, помош при изготвување на документи и спроведување на постапки за промени во трговски друштва пред Централниот Регистар на Р.С.Македонија, комуникација со институции, помош при спроведување на административни постапки, помага на адвокатите и е задолжена за одржување на датабази со податоци, комуникација со државни институции и компании, како и други работи.

Маја Каралиоска

Правник

Маја Каралиоска е посветен правник со силна академска позадина и искуство во кривичното право. Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, а потоа магистрирала на истиот факултет на насоката Казнено право, стекнувајќи се со звање Master of Laws (LL.M.).

Работното искуство во Адвокатската канцеларија Кирил Топчиоски во Прилеп го започнува во 2021 година, најпрво како адвокатски приправник, а потоа како правник. Со длабоко разбирање на правниот систем и посветеност кон правдата, Маја им помага на адвокатите, обезбедува квалитетна правна поддршка и персонализирана услуга кон клиентите, секогаш стремејќи се кон поволни исходи за клиентите во канцеларијата.

Јавете се на

+389 75 227 099

Што кажаа за нас

★★★★★
“Работењето со адвокатската канцеларија Топчиоски беше вистинско задоволство. Тимот е професионален, посветен и секогаш подготвен да помогне. Благодарение на нивната експертиза, мојот случај беше успешно решен. Топло ги препорачувам!”

 

Марија К.

★★★★★
“Working with Topchioski Law Office was an outstanding experience. The team is highly professional, dedicated, and always ready to assist. Their expertise and attention to detail ensured a successful resolution of my case. I highly recommend them!”

 

John D.

★★★★★
“Адвокатската канцеларија Топчиоски ми пружи неверојатна поддршка во мојот правен спор. Од првиот момент се почувствував сигурен и доверлив во нивните раце. Нивниот пристап е темелен и исклучително професионален.”

 

Петар Ј.