УСЛУГА
ЗАСТАПУВАЊЕ ПРЕД СУДОВИ
За искуството на нашата адвокатска канцеларија во постапувањето пред судските инстанци на територијата на Република Македоинја говори фактот што сме дејствувале како полномошници и застапници на многу физички лица и големи домашни и странски правни лица. За нашето ефикасно работење, стручност и способност говори високиот процент на добиени спорови и на задоволни клиенти.
Познавањата на судските постапки (граѓански, управни и кривични) е резултат на секојдневната професионална работа и следење на судската практика и на измените и дополнувањата на законските решенија, сѐ со цел да се заштитат интересите на клиентот. Тука се вбројува и посетата на семинари со цел размена на мислења и стекнување на искуства, како и давање на идеи за подобрување на македонскиот правен систем.
Ова ни овозможува да ги искористиме сите расположливи средства во постапката и да дојдеме до судска одлука која е во корист на клиентот.
ВАЖНО: Обезбедуваме и правни услуги за месечен паушал во зависност од големината на Вашата компанија, бројот на тековни/очекувани постапки, потребни работни часови
