УСЛУГА

СЕМЕЈНО И НАСЛЕДНО ПРАВО

АДВОКАТ ЗА СЕМЕЈНО ПРАВО

Семејството е основна клетка на едно општество, која треба да обезбеди нормален раст и развој на неговите членови. Но, не секогаш семејството ја остварува оваа функција, поради што честопати е потребен правен совет или правно застапување од адвокат. Нашата адвокатска канцеларија е сензибилизирана за постапување во случаи со нарушени семејни односи, особено на семејствата со малолетни деца. Во нашето работење секогаш се раководиме од најдобриот интерес на детето, во зависност од спецификите на случајот.

Оваа област на правото навлегува во чувствителни и интимни делови од животот. Имајќи го ова предвид, нашата адвокатска канцеларија ги спроведува ваквите постапки со високо ниво на доверливост и разбирање кон клиентите. Ова подразбира дека ги преземаме сите мерки со цел постапката да се заврши побрзо, полесно и помирно, а во исто време да се дојде до долгорочно и правно поткрепено решение, во најбрз можен рок и со најмалку трошоци да ги остварите Вашите права и повторно да ја вратите Вашата благосостојба.

Услуги

  • Развод на брак (со или без спогодба на брачните другари)
  • Делба на имот после развод на брак
  • Договори за регулирање на сопственичките односи за време на брак
  • Издршка на деца и брачен другар
  • Старателство над деца
  • Делба на имот стекнат во брачна, вонбрачна и семејна заедница
  • Утврдување/оспорување на татковство или мајчинство
  • Одземање на деловна способност
  • Продолжување на родителски права на децата по нивното полнолетство
  • Други услуги

АДВОКАТ ЗА НАСЛЕДНО ПРАВО

Наследното право претставува дел од граѓанското право кој ги уредува имотните односи кои настануваат по повод смртта на едно лице, односно го уредува преносот на имотните права и обврски од оставителот на неговите наследници. Предмет на регулирање на наследното право е наследувањето, под кое се подразбира пренос на стварите, имотните права и обврски од оставителот на неговите наследници.Од областа на наследно право, ги прибавуваме потребните исправи и ја спроведуваме оставинската постапка пред надлежен орган и составуваме тестаменти и договори.

Услуги

  • Распределба на оставина врз основа на закон или тестамент (учеството на адвокат е задолжително)
  • Распределба на новопронајден имот (учеството на адвокат е задолжително)
  • Избор на најсоодветна форма на тестамент и правна помош при негово составување
  • Правно советување и состав на договор за распределба на имот за време на живот, договор за доживотна издршка, договор за дар со товар
  • Прогласување и оспорување на тестамент
  • Остварување и оспорување на право на легат
  • Остварување и оспорување на права на нужни наследници
  • Други услуги