УСЛУГА

ДЕЛОВНО ПРАВО

АДВОКАТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ФИРМА (ОВЛАСТЕН РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ):

Нашата адвокатска канцеларија секојдневно опслужува клиенти кои успешно го водат својот бизнис и знаат дека правниот совет е есенцијален дел од нивниот успех.Ние сме специјализирани за водење на сите постапки пред Централниот регистар, за спроведување на сите постапки за регистрација на основањето и промените на Вашата фирма, фондација, комора или граѓанско здружение пред Централниот регистар – Брзо, ефикасно и квалитетно.

Услуги

  • Консултативни услуги при влегувањето во бизнис односи од најразличен карактер
  • Избор на најдобрата правна форма за организирање на Вашата компанија
  • Усогласување на Вашето деловно работење со законската регулатива
  • Актуелни можности за деловен развој, особено во делот на обновливи енергетски извори
  • Акти за уредување на односите помеѓу сопствениците и/или управителите
  • Договори и преписки со клиенти
  • Проектна документација за апликација за пристап до финансии
  • Документација за прибавување на дозволи и лиценци за работа
  • Тендерска документација
  • Длабинска анализа (due diligence) за ризиците при статусни промени на компанијата
  • Други услуги

Во овој домен, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди широк спектар на услуги, поврзани со:

Услуги

  • Основање на сите форми на правни лица (трговски друштва, трговци-поединци, фондации, комори, здруженија на граѓани, невладини организации, и сл.), вклучително и
  • Друштво со ограничена одговорност (ДОО) и Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ)
  • Тековни промени на друштвото (промена на содружник – пренос на удел, промена на управител, промена на прокурст, промена на назив, промена на дејност, промена на седиште, промена на електронска пошта и сл.)
  • Подружница на домашна компанија
  • Претставништво на странско друштво
  • Подружница на странско друштво
  • Странски директни инвестиции
  • Статусни промени на друштвото (поделба, спојување, преземање)
  • Престанок на друштвото (ликвидација, стечај и сл.)
  • Вистински сопственик на друштвото
  • Останати постапки (регистрација на ДДВ, засновање на работен однос на управител, и сл.)