УСЛУГА
ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО
АДВОКАТ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И НАДОМЕСТ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Нашата адвокатска канцеларија поседува долгогодишно искуство во оваа материја, работејќи на разновидни штети, со тесна специјализација во случаи за надомест на материјална и нематеријална штета,за која правиме соодветна правна експертиза. Во рамките на нашето работење имаме соработка со стручни лица, од областа на медицината и сообраќајот.
Во овој домен, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди широк спектар на услуги, поврзани со правно советување и застапување во постапки пред надлежни органи и други субјекти во врска со сите видови на штета, а кои настануваат како резултат на:
Услуги
- Сообраќајна незгода
- Каско осигурување
- Каснување од куче
- Каснување од други домашни или диви животни
- Лизгање на мраз/снег
- Повреда на работа
- Осигурување од незгода и несреќен случај
- Осигурување од (професионална) одговорност
- Поседување на опасен предмет
- Вршење на опасна дејност (над дозволените граници)
- Дејствие на работник (спрема работодавач, работник или трето лице)
- Дејствие на малолетник или душевно болно лице
- Повреда на правото на чест и углед (навреда и клевета)
- Нарушување на правото на приватност (право на заштита на лични податоци)
- Повреда на слободата на изразување (заштита на новинари и медиуми)
- Повреда на договорни обврски
- Други случаи
АДВОКАТ ЗА СОСТАВ И АНАЛИЗА НА ДОГОВОРИ И ПРЕДДОГОВОРИ
Договорот се смета за склучен кога договорните страни ќе се согласат за битните елементи на договорот (секој договор има свои карактеристични елементи). Согласноста на волјата на страните мора да биде релевантна, јасна и недвосмислена. Сепак, во практиката се склучуваат договори кои не ја одразуваат јасно и целосно согласноста на волјите на договорните страни. Честопати се случува договорните страни да бидат во заблуда за предметот на договорот. Ова нешто доведува до непотребно водење на судски постапки, кое нешто не е во интерес на било која од договорните страни. За таа цел, неопходно е ангажирање на адвокат кој би го срочил договорот согласно интересите на двете страни.
Нашата адвокатска канцеларија секогаш посветува особено внимание при составување на договорите. Притоа водиме сметка договорите без исклучок да бидат составени во интерес на двете договорни страни, без оглед на тоа која од страните ги подмирува трошоците за состав на договорот.
Во овој домен, нашата адвокатска канцеларија Ви нуди широк спектар на услуги на анализа и состав на договори за:
Услуги
- Продажба
- Дар
- Размена
- Физичка делба
- Доживотна издршка
- Распределба на имот за време на живот
- Соинвеститорство, градење;
- Закуп
- Послуга
- Залог
- Хипотека
- Цесија
- Меѓусебни односи
- Други именувани и неименувани договори
